Зошто жените со понеубави мажи се посреќни?

од desk2
128 прегледи

Пријателките ви велат дека сте далеку поубава од него: Супер, тоа е рецепт за среќа.


Во необично истражување на универзитетот во Флорида учествувале 113 браќни двојки, во доцните дваесетти години.

Истражуваќите по зададени параметри „стандарди на убавин“ симетрија на лице и слично, прво ги поделиле мажите и жените на помалку или повеќе атрактивни.

Потоа, учесниците во студијата одговарале на различни прашња за бракот, односот со сопружникот, сексот.
Резултатите покажале дека жените мажени за помалку атрактивни мажи се многу задоволни од нивниот однос, како и од количината време во кое мажот им обрнува внимание.

Помалку атрактивните партнери повеќе се трудат во кревет да ги задоволат своите жени, па дамите со такви фраери се позадоволни од својот сексуален живот.

За разлика од нив, атрактивните мажи се помалку грижливи, прилично себични и фокусирани на себе. Жените кои биле во брак со лепотани имале комплекси поврзани со личниот изглед во однос на партнерот, развиле одредени фрустрации и љубомора.