Напуштен светилник ќе исчезне до 2030 година

од desk2
81 прегледи

Поради големите песочни дини во Рубјерг Кнуде, овој дел некои го нарекуваат данска Сахара.

На северот на Данска уште во 1900 година отворен е светилникот Рубјерг Кнуде. Горостасот е висок 23 метри и сместен е на брегот на Северното море во Рубјерг, поточно на брегот Лонструп, кој се издигнува на 60 метри надморска височина.

Светилникот претставува и највисок дел на западот на Вендсисел.

Кога бил изграден околу него немало песочни дини. Но, поради ерозија на тлото, подигање на нивото на морето и силните ветрови, кои нанеле песок од блиските брегови, работите драстично се смениле.

Светилникот бил во функција од 27 јануари 1900 година до 1 август 1968 година, затворен е кога рибарите сфатиле дека наносите од песок потполно го блокираат погледот на него од море.

Песокот ги затрупал и зградата на музејот и гостилницата кои се наоѓале покрај него, па во меѓувреме се отстранети поради безбедносни причини.

Секоја година оваа данска Сахара ја посетуваат голем број луѓе кои сакаат да уживаат во овој несекојдневен пејзаж во оваа скандинавска земја.

Брегот во просек секоја година еродира по 1,5 метри, поради што стручњаците претпоставуваат дека до 2030 година светилникот ќе биде проголтан од песокот.

Како изгледа овој прекрасен дел од Данска погледнете во видеото.