
Синоќа по повод 10-те години од последниот концерт на Тоше Проески, на плоштадот „Македонија“ во Скопје се одржи настанот „Ѕвездено небо за Тоше“.
Овој настан традиционално го организираат фан-клубот „Тоше Проески“ и Фондацијата „Тоше Проески“.
На настанот беше промовирана и нова песна насловена „Light the flame“ дело на англискиот продуцент Енди Рајт. Песната е најава за нов албум кој треба да излезе наскоро.