
Рускиот претседател Владимир Путин денес има повод за славење. Денес претседателот го одбележува 65-тиот роденден. Вчера беше јасно дека шефот на државата овој ден ќе биде зафатен со службени работи.
За денес, постојат планови за многу телефонски разговори со светските лидери, објавија руските медиуми.
Меѓу првите кои му поѕвонија беа неговиот колега од Белорусија Александар Лукашенко, претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев и на Ерменија Серж Саргсјан. Со пост на Инстаграм пак го поздрави лидерот на Чеченската република Рамзан Кадиров.
Во неколку градови ширум светот, пак, се појавија празнични графити со ликот на Путин, чии автори му го честитаа неговиот за роденденот. На цртеж во Барселона рускиот претседател им намигнува на минувачите.

Во германската престолнина Берлин Путин седи на стол, опколен со бели гулаби, кои се симбол на мирот. На уличниот цртеж е додадена и строфа од химната на ЕУ – „Ода на радоста“, чиј автор е германскиот поет, драматург и историчар Фридрих Шилер.

Во Париз, уметникот Skame Retors ја стилизирал сликата под плакатот на Александар Родченко и напишал: „Пацифист, Среќен роденден“.

Познатиот новинар и внук на Евгениј Примаков Јуџин Сандро (Примаков) сподели фотографии снимени во Дамаск. Авторите на сликата во чест на роденденот на Путин го нарекоа рускиот претседател како „заштитник“.

На невообичаен начин, одлучија да го одбележат неговиот роденден вработените од еден ресторан во Њујорк. По повод роденденот на претседателот на 7 октомври во Lucy’s Cantina Royale направија огромен сендвич кои го нарекоа „пет хамбургери“. Огромниот сендвич тежи 1952 грама – годината кога е роден Владимир Путин.

Во хамбургерот има е сочни говедски ќофтиња, зачинет мајонез, сос шрирача, како и мешавина од коријандер и кромид. Клиентите кои успеале да го изедат за 30 минути нема да го платат. Во Велика Британија во чест на 65-годишнината на Путин брендот Matchless формира специјална линија облека.

На социјалната мрежа слика на кожена јакна од колекцијата во вредност од 1,7 илјади долари.