Microsoft за своите вработени направи куќички на дрво

од desk2
92 прегледи

Microsoft е познат по одржување забавно работно место, па за своите вработени со последниот проект направи канцеларии на дрвја.

Компанијата во петокот објави на својот блог дека во седиштето во Редмонд во Вашингтон направи три нови простори за состаноци. Куќите на дрвја ги изгради Пит Нелсон, автор на емисијата „Treehouse Masters“.

Вкупно се направени три дневни куќи? Две отворени, а третата со заштитен салон, кој треба да се доврши следната година.

Имаат соби за состаноци кои вработените може да ги користат или може лежерно да работат во другите делови од куќите на дрво, ако сакаат.

Објектите ќе траат најмалку 20 години, и ќе се прошират како што растат стеблата.

Тоа не се детски игралишта, направени се за работа. Дрвените куќи се дел од „надворешните окрузи“ на Microsoft кои се поврзани со зградите на кампусот Редмонд. Имаат лизгачки врати отпорни на временски услови, отвори за скриени електрични штекери, нерѓосувачки потпирачи за нишање, камин, дрвени настрешници и надворешна Wi-Fi мрежа.

Има затворена кафетерија која е проширена и надвор и ресторан кој поседува скара и вграден контејнер за транспорт.

Microsoft рече дека планира реновирање и анкетирање на вработените за да се увидат нивните потреби. Тие пак велат дека име пружена нова прили и дека повеќе ќе работат надвор.