Тони Цетински скршен од болка: „Зошто баш ти? Не прифаќам дека те нема повеќе“

од desk2
141 прегледи

По повод десетгодишнината од смртта на големиот пријател Тоше Проески, хрватскиот музичар Тони Цетински се присети на нивното пријателство.

Десет години поминаа откако светот остана без човекот со ангелско лице – Тоше Проески. Два дена пред годишнината на својот Facebook профил Тони Цетински се потсети на пријателството со македонскиот пејач. Со чувствителна објава на сите им даде до знаење дека му е тешко и откри дека сè уште се бори со мислата дека него го нема.

„Драг мој Тоше, вечното прашање зошто тоа утро во зората Господ одлучи да те земе тебе? Еве десет години откако те нема и ми фалиш уште повеќе. Голема празнина остана по твоето заминување и никој никогаш нема да ја исполни. Знаеш зошто? Затоа што беше и остана вистински пријател. Затоа пријателе не прифаќам дека сепак те нема и веројатно така ми е полесно“, почна Цетински.

„Кога би биле сега заедно веројатно би снимиле заедничка видео честитка за мојата мајка за нејзиниот роденден и знам дека би уживале и во останатите убави и важни денови, за тебе и за моите драги пријатели. Многу би направиле да бевме заедно. Знај дека секогаш си крај мене пријателе и дека си заслужен за секое мое добро дело, драг мој Тоше. За глупостите и грешките сум заслужен само јас, ме знаеш. Колку и да го извлекуваше од мене она најдоброто и колку и да го правиш тоа и понатаму, способен сум сето тоа да го зафркнам со своето наивно верување во луѓето кои ги мерам по тебе и по нашето пријателство. Веројатно тоа мора да биде така? Не знам и не ме интересира. Знам дека пријател како тебе во никого повеќе нема да пронајдам и дека не треба да се трудам и да се лажам. Ти си еден и единствен пријател и така ќе остане. Знам дека си некаде тука и ти благодарам за се. Те сака брат ти“, порача Цетински.