Паметната налепница Intrepid праќа повик за помош и ги алармира пријателите и семејството на нападнатата личност, но и надлежните.

Секоја минута, негде во светот, сексуално е нападнато едно лице. Во текот на годините развиени се цела низа различни облици на заштита, кои би требало на нападнатите да им помогнат да се одбранат од напаѓачите. Но, екипа на научници од Институтот за технологија на Масачусетс отидоа чекор понатаму и ги споија паметните телефони и заштитата.
Развија паметна налепница Intrepid која детектира и спречува сексуален напад и злоставување.
Како што велат на страницата на проектот, предложеното решение, бидејќи се работи за концепт, наменето е за борба против сексуалното злоставување деца, напади на факултетите, но и спречување на злоставување постари и немоќни лица.
Паметната налепница функционира на два начини – активно кога лицето е без свест или не може да се брани од напаѓачот (кај деца, немоќни лица, постари, луѓе под дејство на алкохол и слично) и пасивно кај лица кои можат да се одбранат од напаѓачот.
Во двата случаи паметната налепница праќа повик за помош и ги алармира пријателите и семејството на нападнатата личност, но и надлежните.
Доволно е да се залепи на внатрешната страна од облеката (најчесто долна облека) и да се поврзе со паметен телефон. Ако паметната налепница детектира насилно соблекување на облеката, таа праќа прашање до паметниот телефон на кое треба да се одговори во одреден временски рок, во спротивно праќа порака со локација на лицето и молба за помош.