Компанијата Maxi Cosi го претстави првото автоседиште за деца со вградени воздушни перничиња кои се надувуваат при судар.

Перничињата се наоѓаат околу рамената и вратот, а во случај на судар се надувуваат за 0,05 секунди и ја штитат детската глава од удари.

Уредот е со цена од 730 долари и предвиден е за деца од четири месеци до четири години. Може да се врти за детето да гледа напред, како и да се постави на предно седиште, во зависност од староста на детето.

Новата технологија на Maxi Cosi овозможи воздушните перничиња да се надуваат околу рамената и градите на детето, со што значително се смалува притисокот на вратот и на главата во случај на судар. Успешната примена на технологијата на воздушни перничиња во јакните на мотоциклистите, како и сигурносните појаси во авионите, ги инспирираа производителите да направат вакви седишта, вели Ендру Ретклиф од компанијата Maxi Cosi.
Седиштата со воздушни перничиња AxissFix Air можат да се купат од 17 октомври.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=15&v=cyPULvAKFLY