Банџи скок за рекорд: 245 луѓе одеднаш скокнаа од мост во Бразил

од desk2
122 прегледи

Љубителите на адреналин во Сао Паоло се собраа за да го урнат светскиот рекорд во заедничко банџи скокање. Дури 245 луѓе заедно скокнаа од мост во Бразил, а видеото кое е снимено е многу интересно.

На снимката се гледа како скокачите се занишаа како бран, а по скокот коментираа дека чувството е неверојатно.

Досегашниот рекорд беше 149 луѓе, а организаторот на скокот беше Ален Фереира кој сам ги проверуваше јажињата пред скокот.

За обидот за уривање на Гинисовиот рекорд им требаше близу 20 километри коноп.