Руски знаменца беа фрлани врз американскиот претседател Доналд Трамп додека поминуваше по ходниците на Капитол Хил, со претставици на Републиканската партија.

-Трамп е предавник! Трамп е предавник! – извикува демонстрант, кој подоцна е идентификуван како Рајан Клејтон, припадник на организацијата “Американците преземаат акција” ( Americans Take Action).
Трамп и водачот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел не се ни свртеа на оваа провокација, веројатно, заслепени од рефлекторите не ги ни забележаа знаменца како летаат кон нив.
Сепак, зачудува доцната реакција на обезбедувањето, кои на крај го отстраниле “провокаторот” од групата новинари со кои се провлекол во Капитол.
Клејтон инаку и порано бил приведуван поради слични престапи.