Американскиот висок дипломат Хојт Брајан Jи за време на посетата во Белград побара преиспитување на соработката на Србија со Русија, а исто така да се фокусираат целосно на приближување кон Европската унија. Тој, исто така, се спротивстави на доделувањето дипломатски имунитет на рускиот персонал во руско-српскиот хуманитарен центар во Ниш.

 “Ние би сакале да  потсетиме дека САД не е земја членка на Европската унија и веројатно заради тоа не е запознаена дека многу држави од ЕУ соработуваат во голем обем и плодна со Русија врз основа на заемна корист. Никој не смее да ја попречи Србија да не го  следи истиот пристап , врз основа на националните интереси “, нагласуваат од руското министерство за надворешни завод.

Според руските власти Руско-српскиот хуманитарен центар одамна влијаел на Србија и другите земји во регионот, вклучувајќи земји членки на ЕУ и НАТО, со помош во надминувањето на последиците од природни катастрофи и предизвикани од човекот катастрофи.

САД во Србија: Вие не можете да останете во две столчињаСепак, според некои западни невладини организации и воени аналитичари, Русите создадле воена база во Ниш, која ги демне  и ги следи американските воени интереси на Балканот.

“Ги повикуваме американските колеги да не  им наметнуваат на другите своите непријателски идеолошки стереотипи кои ги  поткопуваат темелите на меѓународната стабилност и соработка на Балканот и во Европа како целина”, додаваат од руското МНР.

Со остри критики кон изјавите на американскиот дипломат, кој побара од Белград да “престане да стои на две столици” и да балансира меѓу Русија и Западот, излезе и министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин. Тој ги нарече изјавите на Хојт Ји  “најтешкиот чин на јавен и недипломатски притисок” врз земјата.