Саудиска Арабија му даде државјанство на робот

од desk2
140 прегледи

Саудиска Арабија стана прва земја на светот која одобри државјанство за еден робот.

Се работи за робот по име Софија, која е дизајнирана според познатата Oдри Хепберд.

СОфија ја направи прочуениот роботичар Дејвид Хансон, а претставена е на големото случување во Ријад.

Софија на собраните им рече: „Сакам да живеам и да работам со луѓе и затоа морам да изразувам емоции, за подобро да ги разберам луѓето и да изградам меѓусебна доверба“.

Прашана дали е свесна дека е робот, Софија одговори: „Ќе одговорам со прашање: Како вие знаете дека сте човек? Сакам да ја користам мојата вештачка интелигенција на луѓето да има помогнам подобро да живеат. Тежнеам кон тоа да станам сочувствителен робот.“

Софија е прашана и дали смета дека роботите може да го преземат светот, на што одговори: „Премногу сте го читале Илон Маск и сте гледале премногу холивудски филмови. Не грижете се: ако сте фини кон мене и јас ќе бидам фина со вас.“