
Животот и секојдневието задржани во минатото пред објективот на фотографите се чинат чудни од аспект на зачуваните фотографии. Причината е што малку се знае за некои од настаните. Денес ви ги нудиме сликите кои се однесат на минатите епохи. Некои од кадрите никогаш не сте ги виделе, но историјата не треба да ги заборави.

Никита Хрушчов со Јованка Броз, сопруга на Тито. Направена е во 1955, а зад нив се гледа Јосип Броз Тито и Анастас Ивановиќ Микојан.

Фидел Кастро како личен фоторепортер на Никита Хрушчов и неговото семејство во 1963 година.

Тито и неговата сопруга ги поздравуваат луѓете од терасата на Белата куќа. Нивен домаќин е претседателот Ричард Никсон и неговата сопруга Патриша. Сликата е од 1971 година.

Тенкот патролира низ улиците на американскиот град Детроит. Тој е снимен за време на цивилниот револт за повеќе граѓански права.

Кабина од прва класа на легендарниот Титаник.

Оваа слика е од 1978 година. На едно просечно американско семејство му се прикажува храна што ќе ја јаде во текот на следната година.

Момент на борба, дел од Првата чеченска војна во 1996 година.

Празнична церемонија-луѓето го поздравуваат Јуриј Гагарин по неговиот вселенски лет.

Крокодилот Крис – кој се смета за најголем крокодил кој некогаш бил фатен од човек. Фотографијата е направена во 1957 година во Австралија. Долг е 8,63 метри и тежок импресивни 2 тони.

Поплавата во Москва забележана во 1959 година.

Масовно производство на телевизори во боја во СССР во 1970-тите.

Фризури од Фестивалот за мода во Минхен во 1964 година