Погледнете ја куќата во Беверли Хилс што ја купи Серена Вилијамс

од desk2
88 прегледи

Американската тенисерка Серена Вилијамс се преселува од вилата во Бел Ер во друга вила во соседството во Лос Анџелес во Беверли Хилс.

Само неколку дена откако за 11 милиони долари ја продаде куќата од 560 метри квадратни, 36-годишната спортистка купи уште една скапоцена вила која чинеше шест милиони долари.

Се очекува Серена есенва да се омажи за својот партнер, соосновачот на Reddit, Алексис Оханиан, а минатиот месец двојката го доби првото бебе, ќерката на која и го дадоа името Алексис Оханиан Џуниор. Серена се породи во Вест Палм Бич на Флорида, каде е нивната примарна резиденција.

Во новиот дом ќе има ист луксуз и еднаков број квадратни метри како на бел Ер, со пет спални соби, пет купатила и одличен поглед на Лос Анџелес. Екстериерот е во шпански стил, што е вообичаено во јужна Калифорнија, но внатрешноста е модерна.

Мраморните површини во кујната и наменски изградените елементи кујната ја претвораат во вистинско уметничко дело, а околу вилата има доволно зелени површини, простор за скара и мал базен.