Момче од Кенија беше на операција за смалување на 5 кг тешките тестиси и 90 см долгиот пенис.

Хорас Овити Опијао (20) забележал циста на гениталиите, поради која е опериран во 2006 година, но неговиот пенис продолжил да расте и до неодамна беше долг речиси еден метар.
Поради бизарната состојба Опијо со години бил во агонија и не можел да води нормален живот. Дури и го напуштил училиштето, па поголемиот дел од времето го поминувал дома со братот и бабата Салина, бидејќи родителите му умреле кога имал 5 години.
„И реков на баба ми дека сум се заразил, но не бев сигурен што е тоа. Можеше да биде и проклетство. Знаев дека не е Божјо дело“, вели тој.
Бидејќи не можел да си дозволи операција, неуспешно се лекувал со билки, а тогаш му помогнал комшијата. Го фотографирал и фотографиите ги објавил на Facebook.
Неговата приказна го обиколи светот, а стигна и до гувернерката Оливија Рангум. Таа веднаш пратила итна помош кај момчето, а лекарите констатирале скротална елефантиазија која може да ја предизвика убод од комарец. Овој инсект може во крвотокот да внесе ларви кои растат во возрасни паразити, го блокираат лимфниот систем и предизвикуваат отекување.
Лекарите со две операции му ги намалиле тестисите и му го реконструирале пенисот за да биде функционален, а Хорас вели дека се чувствува како повторно роден.
„Кога станав, бев изненаден колку лесно одам. Сета тежина исчезна. Сега можам да пливам, да трчам, да играм фудбал. Сега сум слободен“, вели Опијо.