Луис Хамилтон е новиот шампион во Формула 1

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои по четврти пат во својата кариера светската титула во Формула 1. Два круга пред крајот на сезоната Британецот си обезбеди предвремено првото место кај пилотите, иако заврши деветти во  натпреварување за Гран При на Мексико.

Неговиот главен конкурент за шампионската титула, Себастијан Фетел со Ферари остана четврти, со што загуби и теоретските шанси да се бори за првата позиција. Денешното трка го освои убедливо од пилотот на Ред Бул Макс Верстапен, следен од Валтер Ботас со Мерцедес на второ место и Кими Раиконен со Ферари на трето.

По неговиот успех, Хамилтон го изедначи бројот на титули освоени со легендата во “Кралската трка” Ален Прост, како и неговиот главен ривал Себастијан Фетел од Ферари оваа година.

На две трки до крајот на шампионатот Хамилтон има недостижни 56 бодови предност во Генералниот пласман, пред второпласираниот Фетел.

Победник во Мексико е Макс Ферстапен од Ред Бул и за него ова е трет триумф во кариерата и втора оваа сезона. На победничкиот подиум се најдоа уште и Велтери Ботас од Мерцедес и Кими Раиконен од Ферари.

Генерален пласман: Хамилтон 333 бода, Фетел 277, Ботас 262,…

Претпоследната трка е закажана за 12 ноември во Бразил.

Слични содржини