Ќе му се суди на „природен исцелител“ кој издрогирал група лекари на семинар

од desk2
179 прегледи

Судењето за природен исцелител кој е обвинет за затрување група доктори на конвенција во близина на Хамбург во 2015 година почнува во четврток.


Човекот на возраст од 52 години им дал лекови на учесниците на конвенција за природно лечење во градот Ханделох, каде имало доктори и психолози, како и хомеопати и природни исцелители.

Во болница биле префрлени сите 27 учесници откако биле најдени како лежат на тревата пред зградата во која се одржувала конвенцијата.

Затруените учесници се жалеле на халуцинации, грчеви, потешкотии во дишењето и забрзана работа на срцето.
Обвинителите велат дека лековите им биле поделени на учесниците како дел од семинарот кој бил спорен затоа што се базирал на третман со психолиза, кој наводно ја проширува свесноста.

Не е јасно дали учесниците знаеле што точно пијат.
Не е изненадувачки што трошоците во болница за оние на кои им е укажана лекарска помош по третманот психолиза не се покриени од фондот.Во 2009 година двајца кои посетувале состанок за психолиза починале.
Обвинетиот се товари за поседување и снабдување со забранети супстанци.