Во Абу Даби отворен музеј Лувр, не е само во Франција

од desk2
116 прегледи

Лувр Абу Даби е првиот музеј кој го носи ова име надвор од Франција, а вратата за јавноста ја отвори во среда.

На отворањето присуствуваа претседателот на Франција Емануел Макрон, потпретседателот и премиер на Обединетите Арапски Емирати Мохамед бин-Рашид ал-Мактоум и престолонаследникот на Абу Даби шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан.

Музејот го дизајнираше архитектот Жан Новел, и е прв што го носи името Лувр според познатиот во Париз отворен во 1793 година, по Француската револуција, надвор од Франција.

Лувр Абу Даби се наоѓа на островот Садијат на брегот на Арапскиот залив, а неговата купола во арапски стил ја покрива колекцијата од 23 постојани галерии на 6.400 метри квадратни, на кои во првите недели ќе бидат изложени 600 уметнички дела.

Владата на со нафта богатиот Абу Даби го позајми името на 30 години и шест месеци под договор од милијарда евра во рамки на меѓудржавниот договор меѓу ОАЕ и Франција од 2007 година.

Меѓу уметничките дела се истакнуваат автопортретот на Винсент Ван Гог, Роден, скулптурата Аполо Белведере и други.