Добитничка на 5 милиони долари не знае како да ги потроши парите

од desk2
70 прегледи

Бренда Џенти од Вирџинија освои џек-пот од 5 милиони долари, а претходно веќе добила две парични награди. Таа прво освоила 5.000 долари на среќка.

Неколку недели подоцна, уследила добивка и од 500 долари. Џентри вели победничката низа и продолжила во ноември, кога купила среќка во Шарлотсвил и, откако ја изгребала, сфатила дека добила дури пет милиони долари. Таа вели дека е воодушевена и не знае како да потроши толку многу пари.

– Малку сето ова ме излудува, бидејќи не сакам да го сменам мојот начин на живот, изјави среќната добитничка.