Овој тип чизми се популарни ширум светот, но лекарите предупредуваат дека жените кои ги носат ризикуваат низа проблеми на зглобовите.

Ортопедот Јан Мекдермот вели дека чизмите како овие прикажани на фотографијата доведуваат до предвремено торшење на зглобовите, затоа што не пружаат доволна поддршка на стапалото.
Тоа покренува низа проблеми, најпрво со држењето на целото тело, а потоа со положбата и колената, а луѓето што ги носат со месеци, може потполно да ја оштетат рскавицата во коленото.
Мекдермот, консултант во болницата Лондон Бриџ во Велика Британија, вели дека лицата со оштетување на рскавицата се најзагорзени и дека може да се случи поради чизмите опеарцијата да стане неизбежна.
„Не обвинувам ни еден бренд – тоа е случај со секоја мека чизма која не пружа адекватна поддршка на стапалото. Одберете пар цврсти чизми, кои адекватно го поддржуваат лакот на стапалото“, додава тој.