(ВИДЕО) Кафе бар Версаче и уште 12 локали затворени по вчерашната акција

од desk4
454 прегледи

Врз основа на претходно изготвени анализи и оперативни сознанија, МВР во текот на вчерашниот ден изврши контрола во угостителски објекти, каде утврдиле дека не се почитуваат законските прописи во поглед на работното време, точење алхохол на малолетни лица и неиздавање на фискални сметки при што биле затворени 13 локали, информира а1он.

Помеѓу 13-те затворени локални се најде и локалот „Версаче“ во сопственост на контраверзниот бизнисмен од Шуто Оризари, Шенки Маслани.

Шенки стана познат преку социјалните мрежи каде ја покажуваше својата куќа која што е цела дизајнирана во стилот на Версаче, каков што е и локалот, а и неговите автомобили.

Шенки во јавноста изјави дека своето богатство го стекнал со препродавање на автомбили.

– Во осум угостителски објекти е евидентирано присуство на малолетни лица, а приведени се четири малолетници. Двајца од нив за користење на наркотични средства, а двајца за утврдување на идентитет изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Поради утврдени неправилности, затворени се 13 угостителски објекти, а на едукација се повикани пет сопственици на угостителски објекти, информираат од МВР.

Вчера вечер била спроведена и зајакната акциска контрола во врска со управувањето на возила од граѓани под дејство на алхохол, каде е утврдено дека 272 возачи се алкотестирани и кај 102 возачи е утврдено присуство на алхохол. Од МВР информираа дека се констатирани 49 други прекршоци, за што се издадени 12 мандатни и 37 прекршочни платни налози./а1он

Слични содржини