Фрлете ги крпите: Валкана куќа е добра за вашиот брак

од desk2
95 прегледи

Повеќето од нас сакаат ред и чистота, но некогаш тоа едноставно не е можно и нема смисла да се нервирате околу тоа. Еве како од таа ситуација може да се извлечете најдобро.

Ќе имате повеќе време еден за друг

Сите знаеме дека чистењето одзема многу време и енергија, што особено се чувствува по напорен ден и сакаме да се вовлечеме во кревет. Ако одвреме на време ги оставите чиниите неизмиени, нема да биде крај на светот, а на вашиот организам и на партнерот тоа многу ќе ви значи.

Ќе се вратите во младоста

Се сеќавате кога имавте 20 години, кога за време на студирањето делевте стан со цимер или се излежувавте кај родителите: Занемарувањето на домашните работи на кратко може повторно да ви го донесе тоа чувство на слобода и безгрижност, како и свеста дека луѓето се многу поважни од неизбришаната прашина.

Ќе ја зацврстите блискоста

Бракот понекогаш може да се претвори во игра како пинг-понг, каде наизменично станувате нервозни поради најмала ситница и викате еден на друг. Но, ако дигнете раце од домашните работи, оваа состојба ќе направи да сфатите колку е подобро да не се нервирате секој ден за исти работи.

Сфатете дека некои работи мора да чекаат

Животот во неуредна куќа може да ви пружи друг поглед на самиот живот. Ќе сфатите дека светот нема да престане да се врти ако чистиот испран веш остане на сред соба или не сте фрлиле ѓубре. Животот продолжува, а во последните моменти сигурно нема да помислите „би сакала почесто да фрлав ѓубре“.

Ќе сфатите кој од вас што прави

Доколку одлучите да одморите од домашните работи двајцата ќе сфатите по колку работи секој од вас прави дневно. Иако можеби имате впечаток дека 90 отсто вие ги работите домашните работи, ќе се изненадите колку работи прави сопругот а н сте свесни за тоа.

Живејте сега и овде

Веројатно веќе ви се случило штотуку да ја исчистите кујната а сопругот влегол и ви зборува за напорниот ден на работа, а вие сте забележале некоја трошка и трчате по бришката.

Факт е дека сте исчистиле најдобро што можете, но и дека не сте му обрнале внимание на сопругот. Обидете се навистина да седнете и да го сослушате – сопругот ќе ја цени чистата куќа, но многу помило ќе му биде да седнете до него.

Може да се случи да сте ги зафрлиле телефонот и далечинското

Помислете само на оние значајни разговори кои мора да ги направите.

Нема да ги викнете пријателите на кафе

Кога со некој сте долго во врска или брак, лесно може да се случи слободното време да го окупирате со друштвен живот.

Но, ако куќата ви е неуредна, помала е веројатноста дека некого нема да викнете на кафе, што значи ќе имате време за сопругот. Се надеваме дека имате што да си кажете а да не е: Си го видел ли далечинското?