Игричка за вежбање на мозокот, која го намалува ризикот од развој на деменција за 29 отсто, е првата линија на одбрана од ова нарушување, покажаа резултатите од десетгодишно истражување.

Кај испитаниците кои завршиле 15 циклуси од оваа компјутерска игра во последните десет години утврдена е шанса од 5,9 отсто за развој на деменција.
Колку човекот повеќе ја игра игричката толку шансите за деменција се помали, пишува Daily Mail.
„Вежбата на брзина на обработка на податоците резултира со намалување на ризикот од деменција во период од десет години во просек за 29 отсто во однос на контролните параметри“, вели авторот на истражувањето Џери Едвардс од Универзитетот во Јужна Флорида.
Тој додава дека е потребно да се испитаат колку вежби се потребни за да се добијат најдобри резултати.
Играта е позната под назив (Double Decision) (Двојна одлука), а функционира така што од играчот се бара да се фокусира на централниот предмет, како што е автомобилот. Играчот го следи или гледа во екранот од централниот предмет, а тука се и периферните дистракции како што се други автомобили.
Играчот мора да остане фокусиран на централниот предмет, а како играта одминува, предметите на екранот се движат побрзо и стануваат помали.
Подоцна се јавуваат и други возила кои пречат па играта станува посложена.
Се покажало дека играта го држи мозокот „остар“ и активен, иако не е сосема јасно како.
Во истражувањето учествувале 2.802 здрави возрасни лица, во просек на возраст од 74 години на шест места во САД.