Серена Вилијамс се омажи за милионер на “свадба на деценијата”

од desk2
162 прегледи

Венчавката на познатата тенисерка Серена Вилијамс и нејзиниот избраник, милионерот Алексис Оханијан (34) многумина веќе ја нарекоа “свадба на деценијата”.


Тоа и не е далеку од вистината, барем судејќи по гламурозната организација и списокот на гости. А покрај свечените и луксузни тоалети, интересно било да се забележи дека некои од гостите едноставно не можеле да ја тргнат насмевката од своите лица, додека пак некои делувале како да одат на погреб, а не на свадбена веселба.

Серена Вилијамс (36) и нејзиниот избраник, сопственикот на компанијата “Reddit” го изговориле своето судбоносно “да”. Сепак, фотографиите од младенците, по нивна желба, ќе се чуваат во строга тајност, иако е веќе познато дека прославата била организирана во духот на приказната за Убавицата и Ѕверот, како и тоа дека невестата носела две венчаници.

А покрај родителите на младенците и нивните двегодишни ќерки, помеѓу останатите гости во Њу Орлеанс биле и Сијара, Ла ла Ентони и Кели Роланд, којашто блескала во розова тоалета и накит во истата нијанса.

Големо внимание привлече и актерката Ева Лонгорија, којашто беше во друштво на сопругот Хосе Бастон. Таа за оваа прилика избрала попупроѕирна тегет тоалета од чипка, којашто сепак го потенцираше малиот одвишок на килограми којшто во изминатиов период е забележлив кај Ева.

На прославата присуствувала и прочуената уредничка на Vogue, Ана Винтур, којашто за оваа пригода избрала лелеава комбинација во сите бои. На многумина им било интересно и тоа што, инаку “смртно” сериознта Ана, овојпат постојано била насмеана.

Помеѓу гостите била и пријателката и колешка на Серена, Каролина Возњацки, со партнерот Дејвид. Во долга индиго сина тоалета со голи раменици и смокинг, тие двајца, како што се зборува, биле најубавиот пар таа вечер.

https://www.instagram.com/p/BblALNTAzM1/?taken-by=cw_tennis

Многумина со своето присуство изненади и старлетата Ким Кардашијан, иако слободно може да кажеме дека таа е присутна на сите поважни случувања.

https://www.instagram.com/p/BblIWK-BSQy/?taken-by=theofficialcelebrityxo___

“Се шушка” и дека младенците воопшто не штеделе на прославата, бидејќи го сакале единствено само најдоброто за себе и своите гости, па на организацијата потрошиле милион долари. И како што и вообичаено е случај со ваквите прослави, телефоните и фотографирањата во внатрешноста на салата не биле дозволени.