Црна Гора ја продава јахтата на Тито

од desk2
74 прегледи

Владата на Црна Гора на Твитер соопшти дека јахтата којашто некогаш му припаѓала на Тито, „Јадранка“ ќе биде понудена на на јавно огласување, а почетната цена е 80.000 евра.

– Некогашната јахта на Тито, „Јадранка“, изградена во бродоградилиштето во Краљевица во 1977., е огласена, поради тоа што е одвишна за потребите на државните органи на Црна Гора, стои во објавата на Твитер.

Претседателскиот брод со години не беше испловил од воениот дел во пристаништето во Бар.

Екипажот го сочинувале 14 членови, а на неа можело да бидат присутни најмногу 40 лица.