(ВИДЕО) Во светот на роботиката направен огромен чекор: Робот во улога на „Индијана Џонс“

од desk4
94 прегледи

 

Експерти од фирмата Бостон дајнамикс го научија робот Атлас да прави задно салто мортале и потоа тој успева стабилно да падне на нозе и да ја зачува рамнотежата, пишува сајтот Лајф.

Видеото од феноменалната демонстрација беше објавена на Јутуб каналот. Атлас може да направи разни скокови и да надмине пречки со различни висини.

Бостон дајнамикс е една од најпознатите динамички растечки компании во областа на робототехниката. Пред Атлас, таа воведе нова генерација роботи за одење.