Босанскиот „кољач во Хаг“, се уште е херој по дома!

од Vladimir Zorba
194 прегледи

Душко Младиќ покажува портретот на ѕидот, кој е на љубениот  му братучед Ратко, командант на босанските Срби за време на војната,  за кој следната недела ќе се  разбере дали е осуден за геноцид и злосторства против човештвото.

“Ви гарантирам дека тој не е виновен ниту за едно убиство”, го брани Душко својот “идол”,  за кој се очекува
пресуда од судиите на ОН во Хаг за активностите во крвавиот босански конфликт во периодот 1992- 1995 година
Ратко Младиќ стана познат на меѓународно ниво како “кољачот на Босна”, особено за неговата наводна
улога во 44-месечната опсада на Сараево и масакрот на повеќе од 8.000 мажи и момчиња муслимани во Сребреница.
Но во селото на неговото семејство Божановичи – и во остатокот од босанската српска заедница Република Српска (РС) – 74-годишниот генерал масовно гледаат како на херој за неговата улога во
граѓанската војна.
“Ако го знаат 60 отсто од тоа како го познавам”, вели Душко, “веднаш ќе биде оправдан и награден”. На суд од 2012 година во Меѓународниот трибунал за поранешна Југославија (ICTY), Младиќ се
соочува да биде осуден на 22 ноември по 11 обвиненија поврзани со војната, вклучувајќи геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.
Околу 100.000 луѓе беа убиени, а уште 2.2 милиони беа раселени за време на конфликтот.
Во Божановичи во Северна Босна неговиот братучед сеуште живее на една неасвалтирана  улица со плоча ул. “Генерал Младиќ”, карши  куќата каде се родил генералот.
Душко, пензиониран градежен работник и самиот поранешен војник, потсетува  на деновите кога Младиќ
си дошол во отсуство на југословенската армија, направил стог во полето и правел играчки оружјеод парчиња дрво за својот помлад роднина. Душко со гордост покажува на новинарите на АФП шише домашна “ракија”, овошно бренди, популарно на Балканот, со етикети, носејќи слики на генералот.
“Ако стоиме на страната на правдата, вистината, Бог, тој мора да биде оправдан”, инсистира Душко.

Градоначалник без емоции

Војната заврши со договор кој раздели Босна по етнички линии на две полунезависими единици:
српската РС и Федерацијата на Босна и Херцеговина, доминирана од босанските муслимани (познати
како Босанци) и Хрвати. Во РС, каде живеат околу 1 милион. Срби, Младиќ “ќе остане херој, независно од сè”, рече Момчило Краишник, на 72 година, поранешен претседател на парламентот на РС. Самиот Крајишник беше осуден на 20 година затвор во Хаг и беше ослободен во 2013 година, по што беше пречекан триумфално дома во РС.
Во Сребреница, местото на масакрот за три дена во јули 1995 година, илјадниците бели надгробни камења на градското гробишта не  е сменето    мислењето на актуелниот градоначалник. Бројот на мртвите, впишан на спомен плоча – 8 372 – “не е точен” и Младиќ “лично не извршил никакво
злосторство”, рече Младен Грујчич, на 35 годин и, кој минатата година дојде на местото на градоначалникот Бошњак. Младиќ е овинет за  геноцид за масовното убиство, сметано за најголемото злосторство извршено во Европа по Втората светска војна.

Српскиот де Гол”
Во Пале, град полн со споменици на поранешни борци м  проширен  со Срби, кои го напуштиле Сараево, на 15 километри на запад, духот на Младиќ останува недопрен .
“Секој граѓанин на РС ќе биде среќен што ќе ја пречека пресудата”, вели Јанко Сесилија, претседател
на групата ветерани на “Белата вода”, поранешна паравоена единица на командоси.
57-годишниот го опиша Младиќ како српски де Гол, споредувајќи го со покојниот француски генерал и
државник.
Јелена Секара, медицинска сестра на возраст од педесет години, вели дека ќе биде потребно долго
време да се најде друг ваков “голем патриот” кој се бори против “меѓународни криминалци, окупатори
и фашисти”. 64-годишниот Миле Косорич, поранешен виш офицер, кој   бил  под заповедите на Младиќ, инсистира на тоа дека никогаш не му било заповедано да врши кривични дела и никогаш не слушнал генералот да го прави тоа . “Мислам само дека ако не бевме се заштитиле, немаше да ни има повеќе”, вели Косорич, сега пензионер во тврдината на српските националисти Хан Пјесак, во близина на местото каде што
Младиќ го изгради воениот  штаб во густа борова шума.

Три вистини
Во канцеларијата на неговата бензинска станица во предградие на Пале, поранешниот затвореник Краишник поставил граѓанска награда добиени од сегашниот политички шеф на босанските Срби, Милорад Додик. “Секаде вистината е единствена, со исклучок на Босна и Херцеговина. Тука постојат три вистини – Хрвати, Срби и Босанци “, вели Краишник. Тој објаснува дека Србите веруваат дека судот бил создаден само против Србите кои биле “осудени за злосторства за кои другите не се обвинија”. Тој предупредува дека “омразата”, родена во 1990-тите, “тешко дека ќе биде искоренета”.
Неодамнешните ослободителни пресуди во Сараево по обвиненијата за злосторства против Срби од страна на командантот на босанската Сребреница, Насер Оричиќ, предизвикаа лутина во РС. “Ова е најсрамна одлука во историјата”, рече градоначалникот на Сребреница Гручиќ. Тој е убеден, дека босанските и меѓународните правосудни системи и понатаму “го одредуваат српскиот народ како склон на геноцид”. Ако Ориќ бил осуден, “оваа слика ќе се сменила.”  .АФП
……………
Русмир Смадиљевич, Никола Рокише, АФП.