Тигар што вчера побегна од еден циркус во Париз убиен е доцна синоќа, а неговиот сопственик е уапсен, пренесоа француските медиуми.

Животното кое има близу 200 килограми, талкаше низ улиците на главниот град на Франција неколку часа. Меѓутоа, иако тигарот никого не повреди по бегството од Борман-Морено циркусот, неговата кратка авантура заврши трагично.
Полицијата во Париз рече дека тигарот го неутрализирал член на циркусот кој ќе биде отворен следната недела во близина на мостот Гарглиано, на еден километар од Ајфеловата кула.
Фотографиите на тигарот како лежи мртов на улица со крвава уста и голема крвава дамка по должината од неговото тело вознемири бројни парижани, а најмногу активистите за заштита на животните.
„Го видов тигарот како трча, а потоа чув три истрели. Тигарот падна на земја и почна да крвари“, раскажува еден очевидец.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=L9rb55opX_c
Безбедносните служби брзо го блокираа целото подрачје во кое е убиен тигарот.
„Сопственикот беше во шок. Кога стигнавме на местото на настанот, тигарот веќе беше мртов“, вели портпаролот на противпожарната служба.
Овој инцидент предизвика бес кај претставниците на фондацијата Брижит Бардо кои бараат забрана за користење диви животни во циркусите.
Coup de feu dans le quinzième arrondissement de Paris. Le #Tigre qui s'est échappé du cirque a été neutralisé. pic.twitter.com/E94ETwNORt
— 1K (@SamiaKidari) November 24, 2017