Американците поставија рекорд за обемот на онлајн купувања направени – во четвртокот и петокот тие продале стоки и услуги за 7,9 милијарди долари.

Според истражувачката фирма Adobe Digital Insights, која ја следи продажбата во првите 100 онлајн продавници во САД, во четвртокот, Денот на благодарноста, како и т.н. Црниот петок, кога божиќната сезона и рабатите официјално започнаа, потрошија 7,9 милијарди долари.
Како што истакнува агенцијата, ова е рекорд и е за 17,9% повеќе од нето-продажбата во истиот ден од 2016 година.