Документот е објавен на официјалниот портал за правни информации.

Претходно, законот беше одобрен од Советот на Федерацијата и Државната Дума. Тој влегува на сила по официјалното објавување.

  Според документот за странски агенти, може да се идентификуваат сите медиуми кои добиваат средства од странство или се со седиште во друга земја. Законот не споменува специфични публикации или телевизиски канали.

Одлуката за утврдување на статусот ќе ја преземе Министерството за правда.

 Предлог-законот се однесува на медиумите како Гласот на Америка и Радио Слободна Европа / Радио Либерти

Медиумите признати како странски агенти се обврзани да се регистрираат како такви и да дадат извештај и исто така да објават известување дека материјалите ги обезбедува странски застапник . Ако одбијат да се регистрираат, тие ќе бидат санкционирани според законот.

Новиот закон не влијае на работата на руските медиуми.

Претходно, Министерството за правда на Русија објави дека листата на странски агенти може да ги  вклучи Глас на Америка, Радио Слободна Европа и други.

  Документот со статусот на медиумите е одговор на акциите на САД кои бараат руски медиуми да се регистрираат како странски агенти.