Во текот на вчерашниот ден се одиграа најголем дел од натпреварите во англиската Чемпионшип лига која ужива навистина голем респект во однос на другите втори лиги од другите земји на стариот континент, а интересно, токму од ова натпреварување сега ни пристигна една нестварна ситуација.

Во рамките од 19-то коло, свој меѓусебен дуел имаа Норвич и Престон, а иако натпреварот заврши со конечни 1:1, дефинитивно никој нема да се сеќава по резултатот. Причина за тоа е една нестварна и незапаметена ситуација од 90-та минута, која всушност произлезе откако линискиот судија се пожали на потешка повреда поради која не можеше да го доигра мечот.
Тоа во превод значеше дека треба да биде заменет од четвртиот судија, а иако тоа на крајот се случи, проблем беше тоа што немаше замена за четвртиот судија кој треба да ги извршува измените и да покаже уште колку минути ќе има продолжение.
По неколкуминутна сага, еден фан од трибините прифати да ја има улогата на четврти судија со цел да не биде прекинат натпреварот, а откако доби инструкции од главниот судија, навивачот на Норвич имаше незаборавно 10-минутно шоу кое всушност влезе и во историјата на англискиот фудбал.
🎥 Thanks for stepping in, @spud1902! 👍 #ncfc pic.twitter.com/vWe3ir0RjX
— Norwich City FC (@NorwichCityFC) November 25, 2017