Тиларсон истакна дека Западот има за цел “нови, продуктивни односи со постсоветската Русија”, која во моментов изгледа илузорна.

“Сакаме Русија да е конструктивен сосед на Европа и трансатлантската заедница како целина, но овој избор треба да биде направен од Русија “, истакна тој.

  Според него, Москва може да продолжи да се самоизолира и осиромашува, нарушувајќи го редот на меѓународната сцена и ограничувајќи ја слободата во земјата. Алтернативата е да се биде силна, давајќи им на граѓаните слобода и да биде фактор на меѓународна стабилност.

Како услов за воспоставување конструктивни односи со руската страна, Тилерсон укажа на изнаоѓање излез од конфликтот во Украина.

“Им  реков на Русите: ние никогаш нема да се вратиме во нормални односи додека не го решиме проблемот со Украина”. “објасни тој.

Во исто време, тој истакна дека постојат области во кои САД и Русија соработуваат – за победата на ИДИ во Сирија и можноста за идна соработка во Авганистан, објавија новинските агенции.