Со мнозинство гласови унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешното републичко собрание побара оставка од лидерот на партијата Никола Груевски, распуштање на централниот и на извршниот комитет и закажување на вонреден конгрес за како што рекоа спас на партијата и спас на Република Македонија, пренесе ТВ21.
Унијата на ветераните нема соработка со штабот за реформи на ВМРО-ДПМНЕ, ги подржуваат протестите поради приведувањата за 27 април но не присуствуваат на истите велат ако треба,сами ќе организираат посебни протести.
Бараат и промена на статутот на партијата за нивно подобро позиционирање и статус Унијата на ветерани која брои околу 40 илјади членови.
„Бараме претседателот Никола Груевски веднаш да се повлече од функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ и во едно врз основа на статутот и подстатутарните акти партијата да бидат распуштени и извршниот и централниот комитет на партијата“, велат од унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ.