
Актерите кои се дел од претставата „Ничија земја“ вечерва за откажаа претставата во знак на протест за притворањето на нивниот колега Владо Јовановски.
Целиот актерски тим излезе пред присутните во МНТ и извинувајќи и се на публиката соопшти дека во знак на протест за притворот на нивниот колега, претставата нема да се одигра.
По ваквата одлука, публиката беше замолена да ја напушти салата.
Јовановски најпрво доби куќен притвор но вечерва истиот му беше заменет со мерка притвор во истражниот затвор во Шутка за настаните од 27 април во Собранието.