Стравовите откриваат каква личност сте

од desk2
119 прегледи

Сите се плашиме од нешто, дури и оние најхрабрите, а од тоа не треба да се срамиме. Психолозите велат дека стравовите зборуваат многу за вас.

Ако се плашите од змија, тоа значи дека се залагате за другите луѓе. Змиите обично се поистоветуваат со измама, а поврзани се со страв низ историјата. Ако се плашите од змија, психолозите тврдат дека вашиот заштитнички инстинкт е многу силен и дека се заземате за други луѓе.

Ако се плашите од крв и се онесвестувате штом ја видите, вие сте мирна и заштитнички настроена личност. Крвта ја поврзувате со нешто што е опасно и погрешно, па штом видите крв, вашиот мозок добива сигнал за опасност.

Луѓето што се плашат да зборуваат пред многу луѓе се перфекционисти. Стравот од обраќање пред голем број луѓе го имаат и луѓето со помало самопочитување, луѓе кои бараат поддршка за се што прават, кои очекуваат неуспех во многу ситуации и оние кои го вреднуваат перфекционизмот. Поради страв од осуда додека говорите јавно сакате да бидете перфектни во сите сегменти во животот.

Страв од кловн значи дека многу сте чесни. Кловновите имаат ист израз на лицето без оглед на ситуацијата, па затоа ги мамат сите. Многумина се плашат од кловн затоа што претставува замаглување на нечија проценка. Ако ја цените искреноста, транспарентноста и директноста, веројатно се плашите од кловнови.

Многу луѓе се плашат од пајак, а ако сте меѓу нив, поседувате инстинкти на прав лидер, како и инстинкти за преживување. Тоа потекнува од времето која пајаците претставувале опасност за преживување на луѓето.

Ако сте загрижени за бактериите, тогаш дефинитивно сте уредна и добро организирана личност.

Темницата значи дека сте лишени од едно чуло, чулото за вид, а кога не гледате немате контрола над она што може да се случи, па затоа сте ранливи. Меѓутоа, ако премногу се плашите од темница, тоа значи дека имате премногу развиена фантазија и дека сте креативни. Кога нема светлина, нашиот ум може да креира слики и така да ве исплаши.

Страв од осаменост се јавува кај лица кои се плашат да бидат игнорирани и несакани. Такви личности обично се „живи“, весели и уживаат во животот.

Ако не сакате да престојувате во простор со многу луѓе. значи дека го цените својот личен простор. Тоа не значи дека не сакате луѓе, туку дека се држите до оние на кои може да им верувате.

Страв од висина значи дека сте свесни за себе и дека секогаш сакате да имате контрола над ситуацијата, дека сте интелигентни, но и чувствителни.