Tри куси прози на Томислав Османли објавени во списанието за уметност и култура „Акт”

од desk4
89 прегледи

По поканата од уредништвото упатена до нашиот автор, најновиот јубилеен број на списанието за уметност и култура „Акт” кое се појавува во Ваљево, објави три куси раскази на македонскиот автор Томислав  Османли.  Станува збор за прози со меланхолична интонација кои се знимаваат со проблемот на постоењето и на меморијата. Расказите „Повод” и „Птица”, ја обработуваат темата на сеќавањето и смртта, додека третиот „Кус расказ кој можеше да биде голем роман” е литературна игра со прелажноста на авторското, но и на човековото креативно сеќавање.

Оригинално пишувани на српски јазик, расказите се објавуваат за прв пат во ова списание. Како дел од најновата прозна книга на Османли, претстојнава година расказите ќе се појават и на македонски.

Деновиве во матичната библиотека „Љ. Ненадовиќ” свечено беше промовиран јубиејниот 70-ти број на списанието „Акт” кое, инаку, континуирано се појавува од 2001та година. Во ова книжевно списание Османли по четврти пат објавува свои книжевни прилози. Пред пет години таму беше објавена неговата сатирична фантазија „Напрегнато”, по што редовно е покануван на нови соработки: во 2014-та со расказот  насловен „Смислата”, и двете прози од  неговата збирка „Каприча”, кон крајот на минатата година застапен со поновата сатиричната проза „Сонот на Ангеле Богев”, и сега со трите спомнати рефлексивни прози.

Списанието за уметност и култура „Акт” кое го уредува писателот и стрип-автор Дејан Богојевиќ објавува бројни афирмирани автори од земјата и од странство, а карактеристично за него е што во десегашна активност имал и свое македонско, словенечко, полско и словачко издание.