За млада и сјајна кожа: Акупунктура на лице

од desk4
371 прегледи

Постапката, исто така, ја подобрува циркулацијата на крвта.

Козметичката акупунктура е древна традиционална кинеска терапија која се користи за подмладување на кожата на лицето и телото.

Оваа постапка ја вршат сертифицирани професионалци кои обележуваат одредени точки на кожата и потоа ставаат тенки игли на нив. На овој начин, телото почнува да се лекува и да ги регулира своите природни функции.

Основниот принцип на акупунктура е дека во телото има 12 главни меридијани или канали и се стимулираат со ултратенки игли, кои промовираат слободен проток на крвта и животната енергија Чи. Така се лекува и се постигнува рамнотежа на умот, телото и душата.

Козметичката акупунктура е алтернатива на козметичката хирургија, ги намалува знаците на стареење. Таа ги третира фините линии, подуената кожа, подвиснати очните капаци и кожа, кеси под очите, двојна брада.

Една од целите на постапката е да се стимулира колаген, со што кожата е сјајна. Освен тоа што се поддржува нејзиното здравје, ја ревитализира и подмладува кожата. Исто така, ја навлажнува, а ја и подобрува циркулација на крвта и ве прави помлади и еластични.

Тоа трае помеѓу 3 и 12 процедури, секоја со времетраење од 90 до 120 минути.