Секојдневните лесни физички фежби, како трчање и миење садови, заедно со другите домашни обврски, позитивно влијаат на должината на животниот век, тврдат американските лекари.

Во истражувањето, чиј извештај беше објавен во журналот на Американското геријатриско здружение, учествувале 6.000 жени на возраст од 65 до 99 години. Научниците ја следеле нивната секојдневна физичка активност со помош на фитнес системи за следење, како и нивната здравствена состојба, во текот на три години.
Според добиените резултати, стапката на смртност кај жените кои биле физички активни најмалку 30 минути дневно била за 12% пониска во споредба со иние кои водат главно неактивен начин на живот. Зголемувањето на секојдневната активност на еден час ги намалило шансите за смрт за 39%.
Научниците истакнуваат дека под дефиницијата за физичка активност подразбираат вршење на домашни обврски, како чистење, перење, миење садови, пазарење, како и прошетки на свеж воздух.
„Долго време се сметаше дека ваквите активности не се доволни за да биде човек здрав. Но, сега имаме докази дека дури и активност со слаб интензитет кај жените ја намалува веројатноста дека ќе умрат во наредните три или четири години“, вели Андреа Лакруа која работела како соработник на истражувањето.