Мари Луиз Вирт има 100 години и е од Франција, а за луѓето ширум светот е вистинска мистерија.

Иако е во длабока старост, Мари изгледа како да има 70 години, а воопшто не води сметка за себе, Мари всушност води бар и редовно лумпува до раните утрински часови, и не се храни здраво.
Таа барот го налседила од својот татко кој починал ког таа имала 37 години, па оттогаш таа е газда.
Секое утро станува во 7 наутро а со своите муштерии секое утро пие по чаша виски, а понекогаш останува будна и до 2 часот по полноќ.
Сака да танцува и да излегува, оваа дама не води сметка и што јаде.
– Да мора да бирам помеѓу мајонез и џем, би избрала , мајонез и немам ни покачен холестерол- рекла Мари.
Својата тајна за долговечност на самата не ја знае и вели:
– Како да знам зошто сум ваква каква што сум? Само Бог може да знае, а Тој не зборува со мене- рекла Мари.