
Египетските археолози откриле гробови на двe истакнати личности од 18-тата древна египетска династија во Луксор, објавија светските новински агенции.
Египетскиот министер за културни прашања Калед ел Анани Ез го објави откритието во Луксор, град познат по своите богатства на антички наоди.
Во гробовите има мумии, статуи, глинени садови и шарени натписи. Еден гроб има пет влезови што доведуваат до правоаголна сала.
Се одликува со дрвени погребни маски, глинени садови и мумија завиткани во платно. Вториот има четири комори и содржи парчиња дрвени ковчези и други артефакти. Фараоните се од 18-тата античка египетска династија кои владееле пред околу 3500 години.