Лекси Рид од Индијана имала 220 килограми, а нејзиниот сопруг Дени 127 килограми во 2016 година. Заедно одлучиле да ослабат, што им успеа по 18 месеци. Трансформацијата е неверојатна.

„Немавме план на оброците, операција и личен тренер, но се имавме еден со друг и мотивација да работиме секој ден. Сакавме да станеме родители во иднина и долго да живееме“, напиша Лекси на Инстаграм каде ја сподели својата приказна и фотографии на кои двајцата се непрепознатливи.
Двојката се венча во 2015 година и дневно јаделе по 8.000 калории. Откако престанале да јадат брза храна и почнале да готват и да одат во теретана по 5-6 пати неделно, изгубиле половина од својата тежина за 12 месеци. Лекси ослабела 136 килограми. Во тој период таа добила половина милион следбеници на Инстаграм, кои се воодушевени од напорната работа и одлучноста.
https://www.instagram.com/p/Bclb887ACIw/?taken-by=fatgirlfedup
„Не мораш вака да живееш до крајот на животот. Тоа си го реков и почнав“, вели таа.
Истакнува дека сопругот кон неа се однесувал исто и кога имала повеќе килограми, а и сега.
„Никогаш не ме гледаше низ мојата дебелина, не ме прашуваше дали ќе се променам и не правеше да се чувствувам поинаку, туку само убава. Љубовта нема ограничувања во тежина или во број. Опкружете се со луѓе што ќе ве подигнат повисоко и ќе ја видат во вас големината која ја нудите“, порача таа.