Резултатите од неодамнешната студија покажаа дека поголема е веројатноста да имате совршена линија ако живеете покрај теретана.

Студијата која опфати 400.000 луѓе ширум Британија имала за цел да утврди какво влијание на физичкиот изглед на луѓето има теретаната која се наоѓа поблиску или подалеку од 500 метри од дома.
Резултатите покажале дека оние на кои теретаната им била максимум на половина километар од дома се послаби и имале помалку масно ткиво во телото.
Инаку, во Британија 68 отсто од мажите и 58 отсто од жените имаат прекумерна тежина, а овој тренд ќе се продолжи и во следните години. Основниот проблем е „седечкиот“ начин на живот а само 45 отсто од учесниците во студијата еднаш месечно шетаат повеќе од 10 минути.