
Информациите велат дека во тој пакет Србија може да одлучи да ја “промени” својата одлука да го признае името на својот јужен сосед, односно да престане да го признава како “Република Македонија”, колку за имање адут во раката за менаџирање на релацијата Македонија-Косово. Стравот доаѓа пдтаму што најавите од преговарачките тимови се дека името може да се реши во наредните 5 месеци. Грција веќе преку свои медиуми лицитира дека би се согласила на името на ПЈРМ да биде “Нова Македонија”.
Дипломатите со своја оценка за средбата на медијаторот Нимиц со преговарачите
Србија ќе прибегне кон радикална акција ако македонскиот премиер Зоран Заев ја исполни својата “закана” да гласа за членството на Косово во УНЕСКО . Всушност тоа е најавата на спинувната изјава на Заев од Приштина кога тој најави дека ќе ги остави Приштна и Белград да се договорат а Вучиќ преку својот мегафон министерот Вулин врати дека Заев не си го оддржал зборот за немешање и поддршка на Косово .
Претходно оваа недела Заев беше во Приштина, каде што се состана со Рамуш Харадинај и каде тој “, изјави со насмевка дека Косово може да смета на поддршката на Македонија во сите процеси “, но, исто така, истакна дека “Србија е сосед на Македонија “.
Оваа изјава дојде малку помалку од еден месец откако Заев “му вети на српското државно водство дека Србија има искрен пријател пред лицето на Македонија ”
Српските медиуми сега протнуваат дека Белград внимателно ќе ги следи активностите на Македонија и нејзината позиција во врска со приемот на Приштина во меѓународни организации “, и откако Скопје ќе се постави против српските национални интереси, тие ќе ги адресирале нашите интереси “.
Потсетуваме дека властите во Приштина ќе имаат можност да го покренат повторно прашањето за членството на Косово во УНЕСКО по две години – по неуспешниот обид во 2015 година, кога Скопје гласаше во корист на кандидатурата на Приштина.
Во тој контекст Белград може да го активира принципот на реципроцитет во дипломатските и политичките односи со Скопје во 2018 година, откако косовските Албанци најавија дека во наредната година тие повторно ќе се обидат да се приклучат на Интерпол – по неуспешниот обид во оваа година.
.