Фасцинантен пронајдок: Кажете збогум на скршените екрани

од desk2
95 прегледи

Проучувачи на различни видови лепливи материјали, научниците од Универзитетот во Токио открија еден вид стакло што само се поправа ако се скрши, пишува Japan Today.

Истражувачите увиделе дека две скршени парчиња од стаклото може повторно да ги спојат со притисок, и тоа само за неколку часа се враќа на првобитната издржливост, пренесува Business Insider.

Овој пронајдок може да предизвика револуција во производството на паметните телефони, а еден ден благодарение на него екраните на мобилните телефони сами ќе се поправаат ако се скршат.

Сепак, истражувањето е во почетна фаза, па останува да видиме дали ќе стане реалност.

https://gfycat.com/gifs/detail/FineScholarlyFerret