
Нападот со автомобил во австралискиот град Мелбурн – што беше оценет како изолиран инцидент, а не терористички напад е извршен поради лошиот однос кон муслиманите ширум светот, соопшти NST.com.
32-годишен австралиски државјанин со авганистански корени беше уапсен по ударот во кој беа повредени 19 лица.
Тој им рекол на истражните органи дека причина за неговите активности е “лошиот однос кон муслиманите во светот”.
Австралиските власти посочија дека напаѓачот страдал од психолошки проблеми и користел дрога. Сепак, неговото име не беше на листата на набљудувани лица за можна терористичка активност.
Полицијата не најде врски помеѓу авганистанските и терористичките групи. Инаку во инцдентот 19 лица настрадаа откако мажот со автомобилот се влета кон група пешаци, кои беа на фрекфентна улица во големиот град.