Лансирањето на рактетата Фалкон 9 ги вчудовиди Американците (Видео)

од desk2
107 прегледи

Ракетатс Фалкон 9 на американската вселенска агенција SpaceX остави блескава трага на темното небо во Калифорнија, што исплаши многу Американци.

Фалкон 9 беше лансирана од воздушната база Ванденберг носејќи најнова серија сателити за компанијата Iridium Communications. Иако немаше никакви проблеми при лансирањето, на небото остави огромна блескава трага која се гледаше ширум јужна Калифорнија.

Жителите од Калифорнија се јавуваа со медиумите и во безбедносните служби затоа што беа збунети и исплашени од несекојдневната глетка.

„Многумина се прашуваа дали глетката има врска со снимање филм или со вонземјани. Беше многу забавно“, вели еден жител на Калифорнија.

Пожарникарите од Лос Анџелес издадоа соопштение во кое појаснија дека станува збор за лансирање ракета.

Иста ракета беше лансирана и во јуни годинава, носејќи иридиумски сателити. Но, тогаш немаше никакво необично светло на небото.