(ГАЛЕРИЈА) Почна ли новиот џихад?! Разјарена толпа народ ги ограбува христијанските цркви во Египет

од desk4
167 прегледи

Стотици Египќани ограбија црква, која се наоѓа на југ од главниот град Каиро и повикаа на нејзино уривање, пренесоа светските медиуми, повикувајќи се на информации на локалните црковни власти.

Нападот врз црквата во градот Апте, кој се наоѓа 100 километри од главниот град, се случи по крајот на петочната муслиманска молитва.

Неколку христијански храма, особено оние кои се уште не се лиценцирани од египетската влада, беа мета на напади од страна на локалните муслимани во конзервативниот јужен дел на земјата.

Црковните власти тврдат дека стотици Египќани се собрале пред зградата, ги навредувале христијаните и повикувалеле на уништување на храмот.
“Тие побрзаа во црквата и уништија сè што е внатре, откако претходно ги малтретираа христијаните што се собраа таму”, рекоа црковните власти.

Околу 10% од 93-милионското население на Египет се коптски христијани и тоа е најголемото религиозно малцинство во регионот на Блискиот Исток, прецизира бугарски Фокус.