Слушам гледам и се чудам..„мојот народ“, „моите граѓани“ , јас „исто“ мислам со нив…, ама бог да чува, а за кои истомисленици зборува тој!? Кои се неговите граѓани пошто е јасно дека сите не сме ? Замисли, лажните вести му направиле прича дека тој спремал државен удар, а тој не спремал. Ич!? Епа кој ја поддржа политиката на Грујо која донесе багра да убива во парламентарен дом? Може да се убиваат тепаат, газат, исфрлаат, раскрваруваат пратеници, а срамота било да одат пратеници со лисици, абе Џоле!? Дај не ме… На која страна беше кога бркаа затвораа уништуваа медиуми , тргаа новинари , нарачуваа текстови, кога пропагандата ја уби информацијата, а ? А што беше тогаш сеирџија или претседател , реалист, песимист или оптимист?
А каде беше кога местеа лустрира, кога дигаа споменици и ѕидаа ѕидови на поделбата, кога собираа рекет, криминал, тепаа и плаќаа за лажен патриотизам ..? и сега Џоле мој кога бе, сега или тогаш си ми бил реалист !? А кога беше лажго да те прашам кога амнестираше ли, или кога се повлекуваше? Оптимист беше кога премолча куп работи ,се пикаше под јорганот во претседателската палата или пак тогаш беше песимист? А да не беше соучесник на она што ја убиваше Македонија? Зборувавте за ЕУ и НАТО, а правевете се никогаш да не и се доближиме. Абе Џоле те слушам велиш , УБК продолжила да „убива“ да го злоупотребува разузнавањето. Епа ај расчисти ако продолжиле значи треба да ги осудиш првин тие кои го почнале, тие твоите и на Грујо и Мијалков нели? Тие вградиле почнале, или Заев сега почнал? Кого тепаш, тие што го надградиле или сам себе си се пукал бе Џоле.
Да беше некое друго време можеби овој говор и ќе имаше суштина, ама човек, имаш минато, втор мандат, или пресметај си колку денови, месеци, години молчиш, а сега конечно исчита нешто што можеше да има значење само ако не беше ти молчалив соучсеник, на тоа што сега си го набележил , и баш сега ти засмета. Држте го крадецот… еј не бива така , ти немаш легитимитет да подучуваш ниту си веќе професор, ниту ние сме студенти кои чекаат оценка, или пак си викаш ќе се заборави. Јок!
Ако беше некое друго време ти ќе беше претседател, а ние граѓани кои го чекаме обраќањето на претседателот, кој некаде помеѓу власта и опозицијата се обидува да соедини, нешто во име на Македонија. За жал не порасна и блуеш и натаму само делби. За македонцките работи и јас ти зборам. Џоле власта се смени, може нема уште живот како што сакаме ама заодуваме натаму. Ти сепак , сепак не порасна, само малку побеле и направи секако лузна на Македонија, едно несреќно меѓувреме за сите нас , за демократијата, за професурата, за младината која избега од државава, а требаше тогаш да збориш, а не да аплаудираш. Ама тоа ти е несреќа , само наши македонцки работи , меѓу два мандата, меѓу два света .Еј , нема криење позади Киро Глигоров, Борис Трајковски. Ха, ха ме насмеа. Ти не си во тој претседателски ред. Чудно не го спомена и Црвенковски па да си ја комплетираш безличноста.
Го чекаме следниот претседател, онаков стамен габаритен и човек на сите граѓани.Човек за Македонија.И само уште едно прашање,… ма дај нема поента со тебе.
А уште колку му остана од мандатот ?
Фејсбук статус на Dragan Antonio