Само треба да ја зголемите физичката активност или да почнете да вежбате и ете ви го лекот за подобро расположение, за подобро помнење и за заштита на мозокот од стареење.

Бројни истражувања, заедно со она на Американсата академија за неврологија, докажа дека која и да е физичка активност која го зголемува бројот на отчукувања на срцето во минута или ве тера да се потите во исто време има и позитивни ефекти на вашиот мозок.
Иако некои позитивни ефекти од вежбањето може веднаш да се забележат, за некои е потребно неколку седмици да се манифестираат. Според тоа, клуч за здраво тело и дух е да вежбате редовно барем 45 минути дневно.
Последните истражувања покажаа позитивни ефекти од двомесечно вежбање кај лицата кои патат од Алцхајмер во раната фаза на оваа болест.
„како што старее нашето тело и нашиот мозок старее со него па со време чувствуваме дека нашиот мозок и меморија не функционираат како претходно“, велат стручњаците.
Интересно е дека ако вежбате неколкупати неделно ви се подобрува расположението и се намалува стресот. Клинички е докажано дека вежбањето по само 10 минути дневно има позитивни ефекти кај лицата кои се борат со депресија.