Се опијанила и му направила штета од 900.000 долари на богаташот со кој прв пат излегла (ФОТО)

од desk2
92 прегледи

Линди Лу Лејмен (29), на првиот состанок со познатиот адвокат Ентони Базби (49), се опијанила и направила штета на неговата уметничка колекција, што вклучува и две слики од Енди Ворхол.

Предизвиканата штета изнесува 900.000 долари, а Лејман била уапсена веднаш по состанокот, но подоцна била ослободена со кауција.

Безби им изјавил на полицајците дека Лејман испила премногу на состанокот, па и повикал превоз кога пристигнале во неговиот дом. Таа одбила да си замине и се скрила во неговиот дом. Кога повторно ја нашол и повторно повикал превоз, таа станала агресивна, при што турнала неколку слики, а неколку и полила со вино додека извикувала пцости. Исто така скршила и две скулптури во вредност од 20.000 долари.

Оштетените сили на Ворхол во судските документи се заведени со вредност од половина милион секоја./МИА